Добродојдовте

Добродојдовте

ДПТУ „ОЏАЦИ“ Благоја и Ѓуро ДОО – Скопје - Професионално чистење и спалување на оџаци и други димоводни уреди (котли за централно греење, канали, камини, фурни и хауби од скари) од страна на квалификувани оџачари.

Основни аспекти и придобивки од навремено,квалитетно и перманентно чистење на оџаците и други димоводни уреди:


Спречување на опожарување и други несакани последици
Заштеда на енергетско гориво и за преку 20%
Поголема испорака на топлотна енергија
Зачувување на димоводните уреди за подолг временски период
Заштита на човековата околина преку намалување на штетните гасови во воздухот.

Друштвото за Поизводтво, Трговија и Услуги Оџаци Благоја и Ѓуро ДОО Скопје е формирано во 1991 година(како Претпријатие за комунални услуги Оџаци). Од своето постоење до денес исклучиво делува како оџачарска фирма. Компанијата е семеен бизнис во приватна сопственост на двајца браќа кои освен висока и средна стручна спрема имаат и оџачарски дипломи како и повеЌегодишно оџачарско искуство со големо познавање на котларските системи.

Професионалноста на компанијата се огледува во долгогодишното искуство во реализирањето на најкомплексните и најтешки оџачарски интервенции, како: одгушување, професионално спалување, чистење, како и контролирање на целиот процес во системот за греење (котел,канал и оџак) на највисоко ниво, професионално бушење на оџак кога е неминовно друго решение и отстранување на шут, гареж или гнездо од птици во оџакот.

Компанијата „Оџаци„ располага со професионален оџачарски алат и опрема и други капацитети за реализација на било какви ангажмани (професионални усисувачи ,апарати под притисок, топловодни пумпи,голем избор на, штосери, четки, пробивни глави од најдобар квалитет. Дел од опремата е направен во наши работилници, дел купен во земјата и пред се во странство.


* Задоволните корисници се наша примарна цел!!! *

Сертификати

Регулатива

Законски прописи

Дејноста оџачарство е регулирана со Закон за комунални дејности од 1997 година(Сл.Весник на РМ бр.45/97)каде најде свое место меѓу другите комунални дејности од индивидуална комунална потрошувачка.Во Градот Скопје оџачарската дејност сеуште ја користи Одлуката за условите и начинот на вршење на оџачарската дејност на подрачјето на Град Скопје(Сл.Весник на Град Скопје бр.8/86).

Закон за именување и дополнување на законот за заштита и спасување Бр 07-2742/1 од 07.07.2008 (Сл.Весник бр.86 од 14.07.2008) стр.35 член 50.

Правилник за одржување во исправна состојба на оџаците , димоводните уреди, системите за воздух, системите за воздух, системите за воздушно и водено греење, огништа-котли за парно греење во објекти , како и во индустриски и занаетчиски постројки бр.01-2945/6 од 29.10.2010 (Сл.весник бр.146 од 08.11.2010) стр.30-31.

Услуги

За секоја извршена услуга се издава Записник кој се потпишува и заверува од двете страни во кој се наведени и евентуални можни недостатоци кои мора итно да се отстранат, како забелешки окулу котлите, каналите и оџаците, а се однесуваат пред се за подобро функционирање на грејниот систем.Во својот редовен програм на оџачарско чистење фирмата Оџаци врши и испалување нагрејните тела, како превентива да не дојде до самозапалување на чадоводната страна, а преку тоа и до опожарувања.

Одгушување,спалување, чистење и контрола на сите видови оџаци вентилации и камини

Контрола на исправноста на уредите за греење

Хемиско чистење на уредите

Проверка и издавање на атести-потврди за оџаци и вентилациони канали и нивни приклучоци на новоизградени стамбени и стамбено деловни објекти пред пуштање во употреба

Одгушување,спалување, чистење и контрола на сите видови оџаци вентилации и камини

Штелување на горилници

Спалување на камини, оџаци, чунци и хауби од скара или фурни

Презентации